Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, предложи да се додадат уште 3,5 милијарди евра на фондот што се користи за финансирање воена помош за Украина, соопштија денеска извори од ЕУ, пренесе „Ројтерс“.
Изворите велат дека Борел побарал од владите на ЕУ да обезбедат повеќе пари за Европскиот мировен фонд.
Споменатиот фонд веќе додели околу 4,6 милијарди евра воена помош за Украина.
Сепак, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијрото во вторникот најави дека ќе ја блокира следната транша од воената помош на Европската унија за Украина и секој нов пакет санкции против Русија.
Тој изјави дека тоа може да се смени само под услов Киев да ја отстрани унгарската банка ОТП од листата на воени спонзори, пренесе Ројтерс.