Утрински Весник
Свет

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Borel Beta 1024x686 1.jpg

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги повика сите земји-членки на Унијата да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

-Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да се постигне глобална правда, рече Борел, чиј мандат истекува на крајот на овој месец.

МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант, и лидерот на военото крило на Хамас, Мухамед Деиф, кого израелската војска вели дека го убила летово, сите тројца за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа.

И иако сите земји-членки на ЕУ се потписници на основачкиот статут на МКС, Франција вчера објави дека смета дека Нетанјаху има имунитет во однос на постапките на судот, бидејќи тој не е потписник на тие документи, јавуваат израелските медиуми. Италија,пак, соопшти дека не е изводливо да се уапси Нетанјаху додека тој е на чело на Владата на Израел, а унгарскиот премиер го покани Нетанјаху да ја посети Будимпешта уште истиот ден кога МКС го издаде налогот за апсење.

Можете да прочитате

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“