Утрински Весник
Свет

Борел: Не гледаме светло на крајот од тунелот

1706611790 unnamed file.webp.webp

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека и покрај најдобрите напори на Западот да и помогне на Украина и да ја „ослабне“ Русија, санкциите главно не ги постигнале своите цели и дека е потребна поголема соработка на земјите од Централна Азија за да се изолира Москва.

Украинскиот конфликт беше „остар потсетник за критичната важност на заедничката одбрана на основните принципи на Обединетите нации“, рече Борел на форумот за транспортна поврзаност на Европската унија и Централна Азија во понеделникот во Брисел.

„Знаете дека за да ги одбрани овие принципи, Европската унија воведе значителни санкции против Русија, што ја ослабна нејзината воена машинерија. Но, сепак, тие се таму, и војната продолжува. Можам да кажам, интензитетот на борбите се зголемува и не ја гледаме светлината на крајот од тунелот“, призна високиот дипломат на ЕУ.

„За овие санкции да бидат ефективни, потребна е целосна соработка на нашите партнери. Внимателно ја следиме трговијата меѓу нас, меѓу земјите од Централна Азија, и Русија. Се обидуваме да ги анализираме механизмите кои овозможуваат заобиколување на санкциите“, рече тој, пренесува „Раша тудеј“.

Можете да прочитате

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Директорот од СЗО: Ги скршивме телата и умовите на децата во Газа, како доктор, бесен сум

Турската полиција на нозе: Приведени се 384 лица по судирите на протестите