Утрински Весник
Свет

Борел: ЕУ го поздравува усвојувањето на Декларацијата за исчезнати лица и очекува напредок

Борел: Украина одлучува кога ќе преговара со Русија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, во Брисел изјави дека ЕУ го поздравува усвојувањето на Декларацијата на претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти за исчезнатите лица и оти очекува двете страни да постигнат опиплив напредок во решавањето на случаите на исчезнати лица и исполнување на обврските кон семејствата.

dobivaj vesti na viber

Постигнатиот напредок редовно ќе го оценува Заедничкиот комитет за мониторинг, со кој претседава ЕУ, задолжен за следење на спроведувањето на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија и неговиот анекс за спроведување, се вели во писмената изјава на Борел.

Борел изјави дека со усвојувањето на Декларацијата, Вучиќ и Курти ја потврдиле важноста за решавање на судбината на преостанатите исчезнати лица, го препознале проблемот како хуманитарен и ја истакнале итната потреба од дополнителни заеднички напори за ублажување на состојбата на погодените семејства и поширока заедница.

„Од 6.065 случаи на исчезнати лица меѓу 1 јануари 1998 година и 31 декември 2000 година, 1.621 остануваат нерешени. По повеќе од 20 години, нивните семејства сè уште живеат во тага, не знаејќи каде се нивните најблиски. Семејствата имаат право да знаат судбината на нивните роднини, како и на општеството во целина“, напиша Борел.

Тој додаде дека решавањето на прашањето за исчезнатите не е само хуманитарна обврска, туку и клучен фактор за помирување и доверба меѓу луѓето.

Вучиќ и Курти вечерва ја усвоија Декларацијата за исчезнати лица, на средба со Борел, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак и главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, како дел од бриселскиот дијалог.

Можете да прочитате

Делови од Скопје утре ќе останат без струја или вода

Еден од силувачите на Жизел призна: Да знаев дека не е свесна немаше да го направам тоа

Дунав се излеа во Будимпешта: Го поплави кејот и стигна до зградата на парламентот