Утрински Весник
Свет

Борбен авион МиГ-31 се урна во Русија

Борбен авион МиГ-31 се урна во Русија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Воен авион МиГ-31 се урна во Приморски крај во југоисточна Русија.

dobivaj vesti na viber

Пилотите се катапултирале, соопштија од итните служби, пренесува ТАСС.

Според првичните податоци, нема жртви во падот на леталото.

Информацијата ја потврди прес-службата на Источниот воен округ.

Како што е прецизирано, авионот се урнал за време на планираниот тренинг лет.

– Летот беше изведен без борбен комплет. Авионот паднал на ненаселено место, на земја не е причинета материјална штета. Според првичните информации, несреќата можела да биде предизвикана од технички дефект – се наведува во соопштението.

На местото на настанот се испратени спасувачки хеликоптери Ми-8,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Речиси еден милион лица раселени по конфликтот меѓу Камбоџа и Тајланд

Путин е подготвен да разговара со Макрон, соопшти Москва