Утрински Весник
Спорт

Бонучи се договри со Унион Берлин

Бонучи се договри со Унион Берлин

Леонардо Бонучи постигна вербален договор со Унион од Берлин, пренесува специјалистот за трансфери, италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

dobivaj vesti na viber

Искусниот дефанзивец денеска ќе го напушти Јувентус и ќе се упати во главниот град на Германија каде ќе ги мине лекарските прегледи.

Доколку се биде добро за време на прегледите, тој ќе потпише договор барем до крајот на сезоната.

Веројатно во договорот ќе има опција за продолжување на соработката на уште една година.

Бонучи во сениорската кариера настапуваше за Витербезе, Интер, Тревизо, Пиза, Џенова, Бари, Милан и Јувентус.

Можете да прочитате

Почина Ѓорѓи Божиноски, еден од основачите и спортски директор на КК Гостивар

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

Рибакина ќе се соочи со Сабаленка во финалето на Индијан Велс