Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Боки 13 осуден на пет години затвор за „Меѓународен сојуз“ – шоуменот не дојде да ја слушне пресудата

Bojan Jovanovski Boki 13 1.jpg
300x250 opst2

Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, е осуден на пет години затвор за измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“, пренесе Слободен печат.

Боки 13, кој сега е актуелен со свој поткаст, не дојде да ја слушне пресудата.


За делото измама е осуден на три години затвор, за перење пари е осуден исто на три години, односно единечната казна е пет години затвор.

Обвинетата Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор, додека Христина Блажевска и таткото на Бојан се осудени на условни казни, сите обвинети за помагање при перење пари.

Според обвинението, со наводен проект за изградба на старски домови, Јовановски измамил двајца бизнисмени, меѓу кои и покојниот Силјан Мицевски, а со парите што нивните фирми ги уплатиле, ги финансирал телевизијата „1ТВ“ и невладината „Меѓународен сојуз“ и купувал лични предмети.

Ова е втора пресуда за предметот кој почна во 2020 година. Јовановски првично беше осуден на девет години затвор, но Апелација го врати предметот на повторно судење. Јовановски беше во затвор за случајот Рекет, осуден на 9 години затвор. Но не ја одлежа цела казна бидејќи Апелација му ја намали казната на пет години поради лошата здравствена состојба.

Можете да прочитате

Бојан Маричиќ од Киев: „Консензусот во ЕУ ќе дојде, но прво треба дела“

Мојсоска: Стружани се трујат од запален јаглен во рудникот Пискупштина

Левица: Фатени на дело – Трајчевски од АВМУ и Бичиклиски на Мицкоски пред Белата палата