Утрински Весник
Македонија

Богоев: Способен сум за лидер на СДСМ

Bogoevinterv U24 3.jpeg

Сметам дека сум способен за лидер на СДСМ, а наскоро ќе одлучам дали ќе тргнам по тој пат сега, вели потпретседателот на СДСМ во оставка, Стефан Богоев во интервју за „БИРН“.

„Сметам дека во овие 16 години сум ги поминал буквално сите скалила во партијата по природен пат, а и во државата, и сум бил дел од сите клучни процеси во партијата, како Отпорот, Вистината за Македонија, Шарена револуција и низ сите тие процеси, години и скалила сум стекнал големо искуство и пријателства во партијата. Најбитно е партијата да избере тим што ќе го зачува јадрото на СДСМ, а не само претседател“ истакнува Богоев.

Богоев се надева дека изборите за претседател, нема да доведат до поделби внатре во партијата,

„Се надевам дека претстојниот избор на нов претседател и ново раководство нема да значи нови поделби или понатамошно фракционерство во СДСМ и очекувам секој потенцијален кандидат прво да се преиспита себеси дали влегува во трка да направи нешто добро за државата и партијата или  влегува во трка за претседател мотивиран од лични или туѓи интереси.  Доколку сите кандидати на прво место ги стават партијата и државата, убеден сум дека тоа ќе биде празник за демократијата во СДСМ наместо нови поделби во СДСМ“ порача Богоев.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)