Утрински Весник
Македонија

Бодигардот на Мицкоски истепа полицаец пред кафе бар, а Тошковски го ослободи од одговорност

Img 20240919 Wa0016.jpg

Ивица Бисовски, дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски, во февруари истепа полицаец кој бил на службена должност, но по најавите за одговорност, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го ослободи.

Инцидентот се случи во февруари пред каде барот Мош, кога полициски службеници од Единицата за едозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 43-годишниот Бисовски, исто така полициски службеник, кој во моментот на инцидентот не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По инцидентот Бисовски бил приведен, а Тошковски најави дека го осудува насилството и рече дека со насилството е погазена честа на службите во МВР и честа на државата.

Комисијата за дисциплинска постапка во МВР побарала Бисовски да биде казнет, но сепак, како што објави СДСМ, лично Панче Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски од одговорност.

„Епа министре Тошковски вие денеска не само што го погазивте зборот, ја погазивте честа и угледот на целото МВР, на сите полицајци. Покажавте дека ниту за правдата, ниту за одговорноста, ниту пак за тепаниот полицаец кој изеде ќотек пред кафе барот Мош воопшто не ви е грижа“ рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.

Можете да прочитате

Кешишев со нова шокантна изјава: Палчо го натерал да го напише писмото во кое тврди дека не е виновен

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд