Утрински Весник
Економија

Бочварски потврди: Не од денеска туку од вчера течат роковите за пенали кон Бехтел и Енка, но не бараат пари

Бочварски потврди: Не од денеска туку од вчера течат роковите за пенали кон Бехтел и Енка, но не бараат пари

На прашањето дали од денеска ќе треба Македонија на Бејхтел и Енка да ѝ плаќа пенали затоа што не се отпочнати работите на изградба на коридорите, како што тоа претпладнево го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, министерот за труд и социјална политика Благој Бочварски потврди дека тоа е така почнувајќи не од денеска, туку од вчера според договорот, но и дека, како што нагласи, досега ништо не е побарано од страна на странскиот конзорциум и ништо не е платено.

dobivaj vesti na viber

До денеска нема уплатени средства кон компанијата, првата исплатена сума би била авансот за отпочнување на градежните работи и секој исплатен денар што ќе биде од страна на Владата кон Јавното претпријатие за патишта, а оттаму кон изведувачот, ќе биде објавено на сајтот Јавни финансии, рече Бочварски во врска со тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека веќе од денеска државата ќе треба на компанијата да ѝ плаќа по 2 милиони евра дневен пенал.

И во врска со тврдењето на Мицкоски дека Владата ќе гради без добиени дозволи и одобренија, министерот одговора дека е тоа точно, но дека во од ќе се решаваат работите и ќе има ревизија, бидејќи „не може за секое парче земја да се чека на одобренија“.

„Станува збор за нова постапка и нов систем на градење каде што прво се оди на утврдување и одобрување на урбанистичкиот проект за движењето на трасата, а потоа се започнува постапка за експропријација на земјиште. Бидејќи овој проект предвидува бавно градење и проектирање на одделни делници, тоа значи дека не може државата на пример, десет пати да издава одобренија за една делница. Токму поради тоа, ќе има ревизија за да се запази процедурата“, рече Бочварски.

Кога ќе започнат градежните активности, министерот денеска немаше одговор на ова новинарско прашање. Вчера министерството со кое раководи издаде соопштение во кое беше најавено дека од вчера започнале „подготвителните активности“.

Можете да прочитате

Трипуновски: Ветено – исполнето, објавен оглас за откуп на домашна пченица за стоковни резерви 

ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата даваат резултати

СДСМ: Мицкоски јасно порача платите нема да растат