Утрински Весник
Економија

Бочварски: Наша цел е да создаваме услови на континуитет на градежна експанзија во земјата

Бочварски: Наша цел е да создаваме услови на континуитет на градежна експанзија во земјата

Визијата за европска и просперитетна Македонија со модерна и квалитетна инфраструктура е невозможна без соработка и поддршка од стручната и академската фела. Развојот на градежниот сектор е од особено значање за развојот на државата особено што поддржува други 25 стопански гранки, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, обраќајки се на 20-от меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Тој ја потенцира важноста на стручната јавност во креирањето на модерна и квалитетна инфраструктура во која започнат е процес на употреба на нови стандардизирани норми и методи.

„Повеќе од четири децении постоење на ова Друштво е само по себе показател колку е значајна нашата професија. Велам нашата, бидејќи и јас сум дел од оваа струка и знам колкав е придонесот во создавањето на трајни вредности во општеството. И затоа нашите програмски цели е да создаваме услови на континуитет на градежната експанзија во земјата, но притоа мора да понудиме нови знаења, нови стандардизирани норми и методи кои ќе ги прилагодиме во домашната легислатива. Сакам да истакнам дека ја реализираме најголемата инвестициона политика во изградба и модернизација на инфраструктурата во Северна Македонија. Исто така започнавме најголемата реформата во градежната дејност преку која обезбедуваме високо ниво на професионалност и стандардизација на прописите и нормите, истакна Бочварски.

Тој го потенцира значењето на Еврокодовите како нови правила за работа во градежниот сектор кој треба да започнат да се применуваат од септември следната година.

Додаде дека Министерството за транспорт и врски е во крајна фаза во изработка на нов Закон за градење кој ќе понуди нов развој на градежната дејност.

Можете да прочитате

Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ