Хрватската фудбалска легенда Звонимир Бобан ја напушта УЕФА икао беше еден од главните оперативец и близок соработник на првиот човек во евро-фудбалот Словенецот Александар Чеферин. Причината поради која Бобан се одлучил на ваков потег е неможноста да замижи обидот на Чеферин, насилно да остане на власт подолго отколку што треба.
На крајот од минатата година, Чеферин почна кампања за промена во Статутот на УЕФА, што ќе му овозможи нов, четврт мандат на чело од Унијата на европските фудбалски асоцијации. Актуелниот мандат на Словенецот како претседател на УЕФА завршува во 2027 година, а според Статутот тој повеќе не може да се кандидира за претседателската функцијата, односно не може да биде на власт повеќе од 12 години. Тој дојде на чело на УЕФА откако беше разрешен Мишел Платини. Тој беше човекот кој требаше да ја смени УЕФА, да ја направи потранспарентна и искрена, а сега, според Бобан, насилно ќе се обиде да го продолжи своето владеење за уште еден мандат. За тоа ќе му треба мнозинството гласови од членките на УЕФА на конгресот во Париз на 8 февруари. -Разговарав со претседателот на УЕФА за проблемот што се случи на последниот состанок на Извршниот комитет во Хамбург во врска со промената на Статутот. Откако ја изразив мојата најголема загриженост и моето целосно несогласување со методот и самиот предлог, претседателот одговори дека за него немало ниту правен, ниту морален проблем и дека без никакво сомневање ќе продолжи со оваа, според мене, погубна идеја, истакна Бобан. „Парадоксално, Чеферин беше тој кој предложи и започна пакет реформи во 2017 година кои требаше да ги заштитат УЕФА и европскиот фудбал од лошо менаџирање, што беше измислен модел на стариот, корумпиран и веќе обвинет систем толку пати, истакна легендарниот хрватски фудбалер.