Утрински Весник
Магазин

Боб Дилан се огласи по контроверзата за автограмот на новата книга

Боб Дилан се огласи по контроверзата за автограмот на новата книга

Боб Дилан се извини за погрешната проценка, како што рече, откако се покажа дека користел таканаречен автопен, односно машина за автоматска репродукција на потписи, на ексклузивните примероци од неговата нова книга, а кои биле рекламирани како рачно потпишани.

dobivaj vesti na viber

Фановите кои платија 599 долари за едeн од 900. примероци од книгата на музичката легенда со наслов „Филозофија на модерната песна“, беа огорчени откако почнаа да споделуваат фотографии од своите примероци на форумите, па набрзо стана јасно дека секоја книга има речиси идентичен потпис, пренесува „Си-ен-ен“.

Дилан се огласи на социјалните мрежи минатиот викенд. Тој им се извини на своите фанови и објасни дека му било советувано да користи автопен бидејќи од 2019 година страда од тешка вртоглавица, што го спречило да ги потпишува книгите со рака.

„Со години го потпишував секој уметнички принт рачно и никогаш до сега немав проблем со тоа,“ напиша тој на својата Фејсбук страница. „Но, во 2019 година почнав да страдам од тешка вртоглавица што продолжи дури и во екот на пандемијата. Ми требаа најмалку пет соработници да ми помогнат да потпишувам, што беше невозможно во времето кога беснееше вирусот.“

Тој додаде дека врз него вршеле притисок договорните рокови и дека колегите го советувале да користи автопен. Ме уверуваа дека во светот на литературата и уметноста постојано се прават такви работи.

„Но, тоа беше погрешна проценка и сакам веднаш да ја поправам. Работам со издавачката куќа Simon & Schuster („Сајмон и Шустер“) и со моите партнери за да ја исправиме и изразувам најдлабоко жалење“, напиша тој.

Издавачот продаде 900 потпишани примероци од новата збирка есеи на пејачот, но суперфановите и т.н. интернет-детективи забележаа дека нешто не е во ред со автограмот. Сега издавачот издава поврат на средствата, дознава „Њујорк тајмс“.

Од таму признаа дека потпишаните примероци од новата збирка есеи на Дилан, го имаат потписот на пејачот „во форма на испишана реплика“.

Можете да прочитате

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание – ПОП КУЛТУРА

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник