Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев одговарајќи на новинарско прашање за процесот на промена на личните документи на граѓаните, истакна дека не е зголемено издавањето на документите, туку само сликањето и чекањето за истите.
„Со издавањето на личните документи бројот не може да биде зголемен, бидејќи обемот на машините е тој 3000 до 3400, од понеделник. Единствено што е зголемено е обем на сликање и обем на чекање да ги добиете вашите документи, ништо друго не е зголемено во период на техничка влада. Тие што денеска се фалат дека го враќаат тоа граѓаните на ограничена група од 18 години да се сликаат во сабота без термин, тоа постоеше од октомври и беше укинато во техничка влада и тогаш немаше возрасна ограниченост, туку сите граѓани кои немаа термин во внатрешноста, бидејчи таму процесот заврши порано, граѓаните можеа да дојдат и да бидат услужени. Проектите кои биле успешни ги укиниваат и пак ги враќаат малку модифицирани со цел да кажат дека нешто сработиле и направиле некоја измена”, рече Бојмацалиев.