Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Во дописот од комитетот на ЕУ не пишува дека можат да се користат старите документи, оставено е секоја држава сама да одлучи 

Affcffae 447a 4271 9204 172bff51baa5 Scaled.jpg

Денес во разговор за ТВ21 дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за денешниот допис од Комитетот за патни исправи на Европската Унија објасни дека во тој допис никаде не пишува дека може да се користат старите валидни патни исправи. -Таму во дописот никаде не пишува стриктно дека може да се користат патните исправи. Таму пишува дека треба да се изнајде решение, а во моментот сите земји членки да одлучуваат самостојно. И има прашање до нас уште колку ни е потребно време за промена на сите патни документи. Така да ЕУ во моментот нема децидна одлука дали може или не може граѓаните да патуваат во нејзините земји членки и се остава на секоја посебно земја членка да донесат своја одлука бидејќи Република Грција ги има известено а нашата држава ги нема известено дека патните исправи не се во важност, потенцираше Бојмацалиев.  Бојмацалиев уште еднаш укажа до граѓаните кои живеат надвор од нашата земја дека уште во 2021 година во октомври беа дистрибуирани 25 базни станици ширум светот, во нашата дијаспора каде граѓаните можеа и можат да ги заменуваат своите лични документи. -Досега само 44.000 граѓани ги имаат сменето патните документи. Ги покануваме да ја искористат и таа опција доколки во близина на нивното живеење има базна станица и не им претставува финансиски товар или кога ќе дојдат во матичната држава останува можноста да се сликаат и во законски рок да ги земат своите документи, објасни Бојмацалиев.

Можете да прочитате

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта