Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље

6764f581 21cb 4134 9e03 C320536826c7 Scaled.jpg
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Денеска, (09.05.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, предводеше делегација составена од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска, заедно со претставници од единиците при Оддел за специјални полициски операции, како и раководството на СВР Куманово, при што положија цвеќе пред спомен обележјето пред СВР Куманово, по повод 9 години од вооружениот судир помеѓу македонската полиција и терористичка групација во кумановско Диво Насеље. Бојмацалиев на социјалните мрежи напиша:

Pet Utrinski

„Утрото на 9 мај 2015 година ние кумановци се разбудивме со звуци од бомби, пукотници и растревожени лелеци од сограѓаните…
Диво насеље гореше, и за брзо се прошири веста за загинатите колеги, припадници на македонската полиција, во вооружен судир со терористичка групација.
Најскапоценото, својот живот во одбрана на Македонија, го дадоа припадниците на специјалните единици на македонската полиција.
Со длабока почит предводев делегација од МВР, составена од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска, заедно со претставници од единиците при Оддел за специјални полициски операции, како и раководството на СВР Куманово, положивме цвеќе пред спомен обележјето пред СВР Куманово.
Жарко Кузмановски
Ненад Серафимовски
Сашо Самојловски
Бобан Ивановиќ
Горан Илијевски
Исамедин Османи
Љубиша Аранѓеловиќ
Горан Стојменовиќ
Нека им е вечна слава! Никогаш да не се заборави!”, напиша Бојмацалиев на социјалните мрежи.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Можете да прочитате

УКИМ ги одбележува 75-годишниот јубилеј и Денот на Кирил и Методиј

Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија