Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: „Пролет” со принципот „прв дојден, прв услужен” функционираше, сега граѓаните не можат да закажат термин по седум, осум дена

1dce44df 937f 49bd A55d 9950709012f4 Scaled.jpg

Во разговор за ТВ21, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за гужвите кои се создаваа во целиот процес на вадење лични документи, закажување, сликање и земање, објасни дека принципот на работата на пунктот за сликање „Пролет” со „прв дојден, прв услужен функционираше.

„Знаете дека од октомври, ноември го отворивме пунктот „Пролет” којшто функционираше без телефонско закажување на принципот „прв дојден, прв услужен”. Го отворивме тој пункт бидејќи во месеците јули, август и септември имавме појава каде што луѓето закажуваат а не се појавуваат на закажаните термини. Дали било организирано или политички мотивирано, не може да се докаже. Тогаш раководството на МВР, јас бев шеф на кабинет, министерот Спасовски, одлучи дека треба да отвориме еден пункт за Скопје бидејќи остатокот од државата се над 99% веќе со извадени документи, се отвори пунктот „Пролет” со модел „прв дојден, прв услужен”. Со доаѓањето на новиот министер, тој одлучи дека тоа е ужасно решение, го укина и ги врати повторно телефонските закажувања за денес граѓаните по седум осум дена вртат и не можат да добијат за да закажат термин. Јас тогаш а и сега јавно кажувам дека бев против укинување на принципот „прв дојден, прв услужен” бидејќи сепак ја движеше работата а сега имаме застој. Најголемите гужви беа кога првично дојдоа над 170.000 граѓани наеднаш кога сфатија дека одредени политичари ги лажат со тоа „Никогаш Северна” и реално дојдоа да ги сменат своите документи. Тогаш се створи ден-два гужва во прием на документи кои ги издававме во законски предвидениот рок, донесовме и одлука дека ќе се носат на домашна адреса. И како што информирав пред некој ден 95% од тие документи веќе се однесени на домашна адреса, луѓето се најдени и ги примиле своите документи. Повелете да проверите во МТВ на пунктот за издавање лични документи дека нема никаква гужва”, рече Бојмацалиев.

На прашање како оди сега процесот на закажувње Бојмацалиев потврди дека граѓаните во моментот се жалат дека Call центарот не функционира и дека секојдневно има барања пак да се врати пунктот во „Пролет” со функционирање „прв дојден, прв услужен”.

„Стојам на ставот дека вака не функционира и дека треба да се врати „Пролет” во режим на работа „прв дојден, прв услужен”, бидејќи граѓаните тоа го бараат. Јас само ги пренесувам реакциите на граѓаните. Call центарот не функционира бидејќи има преголем број телефонски јавувања и граѓаните чекаат по седум, осум дека да добијат на телефон, наспроти тоа што го кажувате дека чекале по седум, осум часа”, дециден беше Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор