Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти

3 4 Scaled.jpg

Денеска (22.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски за време на посетата на ОВР Ресен ги посетија и реконструираните простории на управните служби на оваа организациска единица. Целосната реконструкција на ОВР Ресен е во вредност 12.800.000 денари.

Бојмацалиев и Тасевски ги посетија вработените во реконструираните простории на управните служби во ОВР Ресен, каде што беше констатирана одличната работа во процесот  на промена на личните документи на граѓаните.

„Од вработените без информирани дека имаат одлични услови за работа. Нема поголеми гужви и се одвива тековно и во нормални услови.”, потенцираше Бојмацалиев.

Бојмацалиев од Ресен ја информира македонската јавност дека денес пристигнуваат нови 400.000 обрасци за лични карти и дека процесите во тој дел се одвиваат тековно.

Сепак Бојмацалиев сугерираше дека е информиран од Управните служби при МВР на ниво на државата, дека сепак сеуште од страна на кабинетот на министерот не е решен проблемот со одобрување на личните документи.

„Бројката на неодбрени документи стига над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам и писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем.”, потенцираше Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ