Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Корупцијата во здравството претставува монструозно криминално дело, ја поздравувам акцијата на МВР

Img 1713.jpeg

Ја поздравувам акцијата на МВР по наредба на Јавното обвинителство која резултираше со истраги на повеќе локации во Скопје, при што имаме неколку приведувања во врска со Клиниката за онкологија. Оваа акција претставува значаен исчекор во нашата бескомпромисна борба против корупцијата и злоупотребата на службената положба, особено во здравствениот сектор напиша Бојмацалиев.

Дозволете да упатам честитки до сите вклучени во оваа акција – од истражните тимови на МВР и ЈО до оперативците на терен – за нивната професионалност и храброст.

Корупцијата во здравството не само што претставува монструозно криминално дело, туку и директно ги загрозува животите и благосостојбата на нашите граѓани и ги руши постулатите на демократското општество. Нема да го толерираме овој вид на криминално однесување, особено во областа како што е онкологијата, каде пациентите се борат за својата најважна битка – битката за живот.

Оваа акција е потсетник дека правдата мора секогаш да биде врвен приоритет и дека никој не е над законот. Секој случај на корупција, без разлика на неговата природа или положбата на виновниците, мора да се третира со највисока сериозност и да добие жесток одговор.

На крај, оваа акција е порака до сите во општеството – нема да има толеранција за оние кои ги злоупотребуваат своите позиции за лично обогатување на сметка на здравјето и безбедноста на нашите граѓани. Во име на транспарентност, правда и морал, ќе продолжиме да работиме неуморно за елиминација на секаков вид на корупција. Само така можеме да ја градиме силна, стабилна и демократска држава која служи на своите граѓани.

Можете да прочитате

ДОАЃА ОГРОМНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Следната седмица на Балканот му се закануваат големи поплави

Притвор за двајца мажи од Кочани кои го убија својот сосед

ВРЕДИ: МЕГАФОНИТЕ НА АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА ГИ КРИЈАТ НИВНИТЕ СКАНДАЛИ!