Во интервју за Прес24, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, беше запрашан за потребата од моделот на Владата согласно Пржинскиот договор,
„Од аспект на полицијата, можам да кажам дека денеска МВР е реформирана институција преку неколкугодишната трансформација со утврдениот концепт „МВР за граѓаните”, продукт на поранешниот министер Оливер Спасовски, така што сметам дека ваквиот формат на техничка влада веќе не треба да постои, бидејќи се надминати негативните состојби кои изискуваа еден таков форма на влада”, истакна Бојмацалие. Притоа, тој се осврна на самите причини за усвојување на ваквиот модел на Владата.
„Токму во 2015 година кога беше созададена техничката влада тогаш имавме сосема поинаква состојба од денешната. Тогаш имавме една полиција со срушен рејтинг, огромна недоверба од граѓаните, една од најзатворените институции на државно ниво. Денеска зборуваме за една институција која е во топ трите најтранспарентни и вистински сервис за граѓаните. Тоа е нашето „МВР за граѓаните”, наспроти МВРО-ВМРО, кога имаше „штабче горе доле” и дека „може да пратите меил било каде, ќе го пресретнеме”, преку прислушување на 20.000 граѓани, кршејќи ги основните човекови права”, потенцираше Бојмацалиев, надополнувајќи со тоа каква е денешната македонска полиција.
„Денес зборуваме за една сосема поинаква, различна полиција од времето на режимот. Полицијата е во сервис на граѓаните, затоа што инвестиравме 17 милиони евра во модерни и европски работни услови во полициските станици низ државата, 80 реконструирани. Затоа што вложивме 14 милиони евра во опрема и униформи. Ја зголемивме платата за 35% и ги исплативме сите бонус плати”, истакна Бојмацалиев.
„Така што, според мене нема повеќе потреба од пржинска влада бидејќи МВР е „МВР за граѓаните” и така се надевам и ќе остане, бидејќи создадовме еден правичен и функционален систем, без разлика која политичка партија е на власт, тешко дека може да ги сруши за кратко време, бидејќи тоа е цел сет на вредности и систем на командна одговорност, кој порано го немаше. Немањето или нефункционалноста на тој систем доведе и до крававите настани од 27 Април. Но, можам да кажам дека ние сме членка на НАТО, и како таква земја која ги има поминато реформските процеси и се стреми кон полноправно членство во ЕУ, со голем дел од македонското законодавстрво усогласено со европското, нема простор за политички влијание врз изборниот процес”, истакна Бојмацалиев.