Турција тестираше домашна балистичка ракета над Црното Море, објави „Блумберг“, повикувајќи се на добро информирани извори.
„Турција тестираше балистичка ракета со краток дострел, домашно производство, над Црното Море“, соопшти американската агенција.
Како што се наведува, ракетата била лансирана рано наутро од аеродромот недалеку од пристанишниот град Риза. Ракетата поминала патека од 561 километар и паднала во водата во близина на брегот во градот Синоп.