Утрински Весник
Свет

Блокирана касарната во Келн – 24info.mk

20240814111029 Big 730x400 65.webp.webp

Касарната на Бундесверот во Келн од утрово е под блокада. Полицијата, воената полиција и воената контраразузнавачка служба на Бундесверот истражуваат сомнителен чин на саботажа.

Се претпоставува дека некој провалил во касарната и ја контаминирал водата. На војниците и на цивилите во касарната забрането им е да пијат вода. Во воениот објект никој не може ниту да влезе ниту да излезе.

Во касарната во Келн сместени се неколку командни тела, како и воени и цивилни оддели на Бундесверот. Воздухопловните сили на Сојузното Министерство за одбрана исто така се во касарната, која е во непосредна близина на аеродромот во Келн.

Во касарната, која има сопствен водовод, има околу 4300 војници и 1200 вработени цивили.

Можете да прочитате

Единствената фабрика за вештачки ѓубрива во Романија се затвора

Четворица загинати при пад на американски воен авион во Ирак

Иран изврши масовен напад со беспилотни летала врз Израел