Утрински Весник
Свет

Близнаци убиени во Газа додека таткото отишол да го регистрира нивното раѓање

Mohamed Abu Al Kamsan E1723619056182 1000x560 1 585x328 1.jpg

Новородени близнаци биле убиени во Газа додека нивниот татко бил во канцеларијата на локалната власт за да го регистрира нивното раѓање. Момчето Асер и девојчето Ајсел имале само четири дена кога нивниот татко Мохамед Абу ал Кумсан отишол да им ги подигне изводите од матичната книга на родените, јавува Би-Би-Си.

Додека бил отсутен, му се јавиле соседите и рекле дека нивната куќа во Деир ал Балах била бомбардирана. Во израелски воздушен напад загинаа и неговата сопруга и бабата на близнаците. „Не знам што се случи. Ми кажаа дека граната ја погодила куќата“, рекол таткото.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека 115 бебиња се родени, а потоа убиени за време на војната. Според новинската агенција АП, семејството следело наредба за евакуација на градот Газа во почетните недели од војната меѓу Израел и Газа, барајќи засолниште во централниот дел на Појасот, како што беше наложено од израелската војска.

Би-Би-Си побара коментар од израелската војска за нападот и чека одговор. Израел вели дека се обидува да избегне да им наштети на цивилите и за нивната смрт го обвинува Хамас, кој дејствува во густо населените области, вклучително и користење на цивилни згради како засолништа.

Но, официјалните лица ретко коментираат за поединечни случаи на израелски напади. Неколку такви засолништа во Газа беа нападнати во последните недели. Во саботата, во израелски воздушен напад врз училишна зграда во која се засолниле раселените Палестинци во градот Газа загинаа повеќе од 70 луѓе, изјави директор на болницата за Би-Би-Си.

Портпаролот на израелската војска рече дека училиштето „служело како активен воен објект на Хамас и Исламски џихад“, што Хамас го негираше. Израел го оспори бројот на загинати, а Би-Би-Си не може независно да ги потврди бројките од ниту една страна.

Можете да прочитате

Киев: Украинските сили заробија над 100 руски војници и уништија авион Су-34

Драма во Црна Гора: Мајка пријавила киднапирање на шестодишната ќерка

Авон обвинети дека нивните производи предизвикуваат рак