Утрински Весник
Македонија

Близначки првите бебиња годинава во Велес

Bliznacki Veles 960x640 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Близначки се првите бебиња годинава во Велес. Нивните имиња се Сара и Јана. Мајката, Виолета Андовска од велешкото село Сујаклари, има 30 години и со сопругот Далибор веќе го имаат синот Давид.

Доктор Силвија Богоевска, која ја породи мајката со царски рез, појасни дека првото бебе се родило во 10.23 часот, тешко 3,220 грама и долго 51 сантиметар. Второто се родило една минута подоцна, тешко 3.200 грама и долго 49 сантиметри.


Бебињата и мајката беа посетени од градоначалникот Марко Колев, кој посака во новата 2025 година да се има што повеќе новороденчиња.

Колев од Општина Велес им подари две штедни книшки со по 15 илјади денари, големи мечиња, седишта за во автомобил, како и други подароци.

Во велешката Општа болница во 2024 година се родиле 280 бебиња.

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи