Утрински Весник
Свет

Блинкен со Херцог: Време е да се прекине огнот и да се ослободат заложниците

English Swords Of Iron Gpoabg Herzog Biden3.jpg

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска за време на средбата со израелскиот претседател Исак Херцог дека „сега е време“ за договор со Хамас за ослободување на заложниците и прекин на огнот.

„Одлучни сме да постигнеме прекин на огнот што ќе ги врати заложниците дома и да го добиеме сега, а единствената причина зошто тоа не би било постигнато е Хамас. Предлогот е на маса, како што кажав, нема одложувања и оправдувања. Времето е сега“, изјави Блинкен.
Тој изјави дека таквиот договор ќе овозможи влез на многу потребните лекови, храна и вода во Газа.

Блинкен вчера најави дека денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и ќе разговара за дополнителни мерки што Тел Авив мора да ги преземе за да се зголеми испораката на помош за Газа.

Можете да прочитате

Би-Би-Си: Палестинците во израелските болници изложени на тортура

СЗО: Болницата во Џабалија под опсада, 170 луѓе заробени

Чешката полиција уапси 14 лица за криумчарење на 2000 мигранти од Турција