Утрински Весник
Свет

Блинкен го предупреди Израел: Нападот на Рафа дополнително ќе ве изолира

Blinken.webp.webp
300x250 (7)

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен денеска го предупреди Израел дека офанзивата на градот Рафа на југот на Појасот Газа може дополнително да го изолира и да му наштети на неговата долгорочна безбедност.

Зборувајќи со новинарите на заминување од Израел, американскиот висок дипломат рече дека одржал „искрени разговори“ со израелските лидери, вклучувајќи го и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ss1

Тој по средбата со Блинкен најави дека Израел е подготвен сам да ја продолжи војната против Хамас, во време на тензии со САД околу конфликтот во Газа, кој влегува во шестиот месец.

Американскиот државен секретар рече дека Вашингтон стои со Израел во неговата цел да го уништи Хамас и да ја обезбеди неговата долгорочна безбедност, но дека „голема копнена воена операција во Рафа“ не е начин.

„Со ова се ризикува убиство на повеќе цивили. Постои ризик да предизвика уште поголем хаос во обезбедувањето хуманитарна помош. Постои ризик од дополнителна изолација на Израел во светот и загрозување на неговата долгорочна стабилност и позиција“, смета Блинкен.

Американскиот претседател Џо Бајден се договори со Нетанјаху дека израелска делегација ќе го посети Вашингтон следната недела за да разговара за планот за Рафа.

„Ќе можеме детално да им објасниме како овие цели можат најдобро да се постигнат со интегриран хуманитарен, воен и политички план“, рече Блинкен.

„Сето тоа ќе го ставиме на маса. Се разбира, ќе ги слушаме и нив“, додаде тој.

Ss1

Можете да прочитате

Хамас го добил и го проучува одговорот на Израел за предлогот за примирје во Газа

Русија ја нападнала енергетската инфраструктура во три украински региони

Десетици торнада го погодија централниот дел на САД