Утрински Весник
Свет

Блинкен до Зеленски: Слободна, напредна Украина е најсилниот отпор кон Путин

4534.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Слободна, напредна Украина е најсилниот отпор на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Блинкен, кој претходно денеска беше во ненајавена посета на Киев и се сретна со Зеленски во претседателскиот штаб на Банкова во Киев, на социјалната мрежа Х напиша дека повторно дошол да покаже „непоколеблива поддршка за Украина додека ја брани нејзината слобода од руската агресија.

Зеленски му рекол на американскиот дипломат дека тоа е тежок период за украинските војници, особено на истокот на земјата, и му се заблагодарил на Блинкен за клучниот пакет воена помош што Конгресот го донесе минатиот месец, пишува Би-Би-Си.

Тој додаде дека од клучно значење е оружјето да се достави што е можно побрзо. Тој зборуваше и за нерешените потреби на Украина, оценувајќи дека противвоздушната одбрана е „најголемиот дефицит“, што сега е случај во Харков.

Блинкен рече дека се восхитува на извонредната издржливост на Украина, како и на силното лидерство на Зеленски. Тој призна дека тоа е „предизвикувачки период“, но дека американската помош е „на пат“, што според него ќе направи „клучна разлика“ на бојното поле.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства