Утрински Весник
Свет

Блинкен: Бевме во контакт со Русија поради заканите со нуклеарно оружје

Блинкен: Бевме во контакт со Русија поради заканите со нуклеарно оружје

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон е во директен контакт со Москва во врска со заканите за употреба на нуклеарно оружје.

dobivaj vesti na viber

„Да, бевме во контакт. Многу е важно Москва да слушне од нас и да знае од нас дека последиците би биле страшни. И ние го кажавме тоа многу јасно“, рече Блинкен во интервју за CBS, одговарајќи на прашање дали САД беа во контакт со Русија за заканата од нуклеарна војна.

Како што рече Блинкен, Кремљ има нуклеарен „синџир на команда“, но исто така е неизвесно дали некој би му рекол „не“ на рускиот претседател Владимир Путин доколку тој одлучи да користи нуклеарно оружје,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Мадуро: Осум американски бродови со 1.200 ракети и подморница и се закануваат на Венецуела

Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија