Утрински Весник
Македонија

Блерим Беџети повеќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ

Blerim Bedzeti.jpg

Блерим Беџети од ДУИ потврди за ТВ21 дека повеќе нема да биде координатор на пратеничката група на Интегративците и дека оваа промена, како што објаснува, е направена откако самиот ја напуштил оваа позиција.

На прашањето зошто си заминал, дали се гледа себеси одговорен за лошиот резултат во Сарај, Беџети како поранешен градоначалник на оваа скопска општина рече дека оваа одлука доаѓа затоа што им се дава простор на нови личности и дека тој ќе продолжи да биде активен во ДУИ.

Демократската унија за интеграција треба да го одржи партискиот конгрес до 20 декември, каде што се најавуваат реформи и повлекување на старите лица од раководството. Извори од партијата информираат дека се очекува преструктурирање во ограноците и вклучување на нови имиња на политичката сцена

Можете да прочитате

Хорор сцени во Крушево: 15-годишно девојче си игра и вперува пушка на 11-годишниот брат!

Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа во Италија

Срцето на Скопје чукаше за Кочани