Утрински Весник
Магазин

Блејк Лајвли ја откри тајната на успешниот брак со Рајан Рејнолдс: Имаме едно правило

Blake Lively Ryan Reynolds 260224 Gettyimages 1507013031.webp.webp

Блејк Лајвли го откри единственото правило кое таа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс секогаш го следат за да ја одржат жива искрата во нивниот брак. 36-годишната актерка и 47-годишниот актер, кои се во брак 12 години, многу јасно ставија до знаење дека нема да дозволат Холивуд да влијае на нивниот љубовен живот.

И покрај зафатените распореди, парот рече дека никогаш не работат во исто време и тоа го прави нивниот брак посилен. Додека гостуваше во Further Ado, ѕвездата од Gossip Girl објасни дека иако работата е важна за неа и нејзиниот сопруг, тие никогаш не сакаат таа да застане меѓу нив.

„Кога Рајан и јас почнавме да се забавуваме, направивме правило да не работиме во исто време, за да можеме секогаш да му дадеме приоритет на нашиот личен живот“, рече таа. Актерката објаснила дека понекогаш на неа и на Рајан им било тешко да се држат до своето правило, но дека тоа го сметаат за многу важно.

Блејк и Рајан имаат еден од најхармоничните бракови во Холивуд. Тие се познати по тоа што често се задеваат на социјалните мрежи. Заедно имаат четири деца, од кои три ќерки – Џејмс (9), Инез (7) и Бети (4). Името и полот на четвртото дете се уште не се откриени.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста