Утрински Весник
Македонија

Благодарение на матичари и службеници добила два идентитети: Жената прво лажно се омажила, па со новиот извод добила и пасош

Pasos so severna.jpg
Dik 300x250 mk

Матичари и службеници ѝ овозможиле два идентитета на една жена и за тоа добија кривична пријава од полицијата.

Како што појасни полицијата, кривична пријава е поднесена против двајца матичари од општина Липково и двајца вработени во одделението за управни работи во Куманово. Станува за лица со иницијали: В.Б.(56), Н.З.(41), Х.Е.(53) и В.П.(67).


Полицијата се сомнева дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавената, матичарка во Управа за водење на матични книги во село Лојане, општина Липково, незаконски во матична книга на родени во с.Лојане извршила дополнителен упис дека една жена склучила брак со машко лице и го зела неговото презиме. Потоа второпријавениот во својство на матичар лани во март издал извод од матична книга на родени за неа кое било искористено за вадење на пасош. Третопријавениот, помлад советник во Одделение за управни работи Куманово го примил поднесеното барање за издавање на патна исправа, а четвртиот пријавен во својство на виш советник за патни исправи во одделението во Куманово проценил дека се исполнети сите законски услови за вадење на пасош и го одобрил издавањето. На тој начин , пријавените овозможиле на лицето да користи два идентитети.

Можете да прочитате

Службено возило на „Македонски шуми“ пред штаб на политичка партија во валандовско Брајковци

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје