Утрински Весник
Македонија

Битолското графичко триенале гостува во кинескиот град Нингбо

Graficko Trienale.png

Меѓународно графичко триенале од Битола од денеска е достапно за културната јавност во НР Кина со изложба поместена во Музејот на павилјонот Тијањи во Нингбо.

Како што е познато, Нингбо и Битола се збратимени градови и со поддршка на градот домаќин, графичкото триенале ќе биде поставено и во културни центри на шест други кинески градови.


За информирање на кинеската јавност, организаторите отпечатија обемен и атрактивен каталог насловен „11 меѓународно графичко триенале Битола“ во кој покрај делата и авторите, презентирани се низа најафирмативни текстови за самата манифестација, претставена е Битола во најпозитивна смисла како еден од културните центри на Балканот, а НР Кина ја презема својата благородна мисија ова тридецениско ликовно постоење да го афирмира, истакне, популаризира низ азискиот континент и да го потенцира како едно од значајните цивилизациски движења на планетарно ниво, информираа од Битолското графичко триенале.

Ningbo Tianyi Pavilion Museum е национален првокласен музеј во Кина. Дом е на најстарата библиотека во НР Кина и една од трите најстари семејни библиотеки во светот. Тијани Павилјон музеј придава големо значење на странските културни размени и е посветен на презентација и промовирање на интеракцијата помеѓу цивилизациите.

Можете да прочитате

Вајц: Македонија е полна со природни убавини, треба да се рекламирате да му ги покажете на светот, тоа носи и економска придобивка

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински значајно за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност

Засилени контроли на сладолед и мраз, изречени 45 казни при контролите на АХВ