Утрински Весник
Македонија

Битола ќе ја коригира плочата на Турунџев – без бугарски букви, со македонски идентитет

Img 5732.jpeg

По реакциите во јавноста за изгледот на натписот на споменикот на Александар Турунџев, Општина Битола денеска соопшти дека ќе биде изработена нова спомен-плоча со современ македонски фонт, целосно усогласен со правописните норми на македонскиот литературен јазик.

– Општина Битола ја информира јавноста дека во врска со спомен-плочата посветена на Александар Турунџев се појавија јавни реакции поради визуелниот изглед на користениот фонт. Забелешките беа насочени кон тоа дека буквите изгледаат како да се напишани со туѓа ортографија. Сепак, стручната лингвистичка анализа покажува дека не станува збор за туѓа ортографија, туку за типографско решение во декоративен стил, каде одредени форми повеќе наликуваат на латинични знаци отколку на кирилични. Таквата визуелна сличност го создаде впечатокот на погрешно напишани зборови, стои во соопштението.


Од Општината додаваат дека, имајќи ја предвид чувствителноста на прашањето и значењето на јазикот и писмото како дел од националниот идентитет, ќе биде изработена нова спомен-плоча со современ фонт, усогласен со македонскиот правопис.

– Со овој чекор, целта е да се избегне секаква забуна и да се обезбеди јасна и прецизна јазична форма, како што прилега за јавните обележја што ја чуваат историската меморија. Општина Битола останува посветена на негување на јазичната исправност, културната традиција и достоинственото чествување на хероите што се вградиле во слободата на Македонија – се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Д-р Чибишев: Чадот и отровните гасови од пожари се смртна опасност

Расцеп во Партијата на пензионери – дел од раководството против коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски на концерт во Делчево со македонски песни