Утрински Весник
Економија

Битиќи: Со линеарното зголемување на пензиите ќе се зголеми дефицитот во Пензискиот фонд, дел од пензионерите може да останат без пензија

Screenshot 2024 04 02 210654.png

Со линеарното зголемување, се нарушува законското усогласување на пензиите. Повеќе ќе нема усогласување на пензиите, туку еднократно зголемување. Со ваквото зголемување од 5.000 денари, дефицитот во пензискиот фонд ќе изнесува 52 проценти што значи дека пола од пензионерите ќе останат без пензија за некоја година, вели вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи. Во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма, Битиќи рече дека се неспоредливи изборните концепти за пензиите на СДСМ кој ветува минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 денари и новогодишен бонус од 100 евра и ВМРО-ДПМНЕ кое нуди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. – Во суштина мислам дека сакаат да не вратат таму што бевме, а тоа е неизвесност во исплатата на пензиите затоа што по нивниот начин на менаџирање на Пензискиот фонд ако продолжеше уште три години, пензионерите ќе немаа пензии. Убаво ќе беше да кажат колкав ќе биде дефицитот во Пензискиот фонд со ова линеарно зголемување на пензиите по 5.000 денари. Дали пензионерите сакаат дефицит во пензискиот фонд од 52 проценти? Тоа значи дека пола од пензионерите или 175.000 пензионери да останат без пензија за одредена година. Тоа е моделот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Битиќи. Во однос на концептот за прогресивно одданочување, Битиќи вели дека прогресивното одданочување е дел од идеолошката матрица на СДСМ, но дека нивните анализи укажуваат дека досега се уште не се создадени услови за да има целосна реализација на прогресивното одданочување. – Одиме еден чекор, односно се доближуваме до тоа, со воведувањето на нула проценти персонален данок на личен доход за примателите на минимална плата затоа што сметаме дека тоа е поправично и тоа ќе дозволи одреден број приматели на минимална плата да излезат од прагот на приматели на минимална плата затоа што на стопанствениците ќе им се ослободат одредени средства кои можат да ги вратат кај своите вработени, посочува Битиќи.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk