Утрински Весник
Економија

Битиќи: Секое нелогично зголемување на цените ќе биде санкционирано

Psx 20240228 105937.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Сепак, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порача дека секое нелогично зголемување цените на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано. „Доколку не се донесе законот за нефер трговски практики соодветно ќе реагираме. Секое нелогично зголемување на цените, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано, што тоа ќе значи, знаеме од минатото“, кажа Битиќи. Тој оценува дека конечно, лекцијата кај трговците е научена. „Ние сметаме дека конечно лекцијата е добиена, дека во државата освен правење на бизнис и креирање на профит мора да има морал и етика кај компаниите. Сметам дека замрзнувањето на цената не е една од мерките која што соодветсвува со пазарната економија, оценувам дека треба да се вратиме во нормалните текови на живеење а на бизнисмените им останува соодветно да се однесуваат. Тоа нема да значи дека еве ако во Собранието нема разум за носењето на Законот за нефер трговски практики дека ние нема да реагираме“, кажа Битиќи. Според него, конечно е дојдено времето секоја една институција соодветно да реагира. „Не можеме да бараме одговорност од тие што не се повикани. Комисијата за заштита од конкурентност како и Здружението за заштита на потрошувачите се најповиканите кои треба да реагираат секогаш кога имаме вакви случувања. Секако ние како Влада дадодвме еден предлог, тој е во собраниска процедура а тоа е законот за нефер трговски практики кој не знам зошто не е изгласан“, истакна вицепремиерот.

Можете да прочитате

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти