Утрински Весник
Македонија

Битиќи се сретна со новата претставничка на УСАИД, Џери Дајбл

Битиќи се сретна со новата претставничка на УСАИД, Џери Дајбл

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи имаше средба со в.д. Шефот на мисијата во амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер и новата претставничка на канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија, Џери Дајбл на која разговараа за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка.

dobivaj vesti na viber

„ Преку УСАИД – Агенцијата за меѓународен развој на САД, досега е обезбедена многу значајна помош за развојот на претприемништвото, подобрување на конкурентноста, поефикасна работа на јавната администрација и подобрување на деловното опкружување, реформите во областа на правдата, борбата против корупцијата, односно континуирана поддршка во реализацијата на реформската агенда на нашата земја.

Северна Македонија и САД се стабилни стратешки партнери во заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот“ соопштија од владината прес служба.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните