Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Битиќи не коментира за запаленото возило на Груби, но вели ОЈО и антикорупциската го разгледуваат случајот

Битиќи не коментира за запаленото возило на Груби, но вели ОЈО и антикорупциската го разгледуваат случајот
300x250 opst2

Вицепремиерот за еконосмки прашања Фатмир Битиќи денес не сакаше да го коментира запаленото возило кое се поврзува со министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. По посетата на компанијата „Сивус“ тој рече дека случајот го разгледуваат надлежните институции.

dobivaj vesti na viber

„Основнот јавно обвинителство и Државната комисија за спречување корупција го разгледуваат овој случај. Искрено, тие би требало да се изјаснат. Јас не сум дел ниту од Основното јавно обвинителство ниту дел од Државната комсија за спречување корупција“, вели вицепремиерот Битиќи.

На прашањето дали запаленото возило му било подарок на Груби од сопственик на хотел во Маврово, Битиќи рече дека може да зборува само за она што тој го има приајвено во анкетниот лист.

„Јас не можам да реферирам за однесувањето на другите колеги“, рече вицепремиерот Битиќи.

Во петокот, доцна вечрата беше запален автомобил пред зградата во која живее министерот Груби, а тој на социјалните мрежи во саботата на сите соседи им се извини за непријатностите на кои биле изложени, а континуираните закани и последователните напади напиша дека ги смета за кукавички и подмолни. Му се извини и на пријателот и неговото семејство за направената штета со палењето на автомобилот укажувајќи дека изгорениот автомобил не е негов туку на негов сосед.

Поддршка доби од неговите сопартијаци. Министерот за надворешни работи Бујар Османи беше „револтиран од веста за одвратниот чин-палење на возилото на вицепремиерот Груби“, а  за Крешник Бектеши, палењето на автомобилот е „неприфатлива постапка која го нарушува имиџот на државата и создава неизвесност кај граѓаните“.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?