Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Мицкоски објавува туѓи инвестиции како свои!

Img 0220.jpeg

„Да, да: има разлика! Некој се „кити со туѓи перја“ и ја објавува инвестицијата на „EPSOTECH“ како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка“, објави пратеникот и поранешен вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи откако премиерот Христијан Мицкоски денеска најави нова германско-белгиска инвестиција во земјава.

Битиќи искажа „благодарност до ВМРО ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции“, кои, како што потенцира, неговиот сега веќе поранешен кабинет професионално и прецизно ги сработил во изминатиот период.

Пратеникот смета дека е потребна работа, а не ПР за земјава да го доживее прогресот што го заслужува.

-П.С. Заедно со EPSOTECH има уште 6 други инвестиции за кои се изработени договори за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста (а од принципиелни причини и изборниот процес не беа обзнанени), стои во објавата на екс-вицепремиерот.

Германската компанија „Епсотек“ во партнерство со белгиската „АИМ“ ќе инвестира во земјава во иградба на нов производствен погон, информира утрово на неговиот фејбук-профил премиерот Христијан Мицкоски, најавувајжи влез на нова германско-белгиска инвестиција во државата. По тој повод, денеска во Владата се одржува состанок со менаџментот и раководството на германската компанија.

Со градежни активности, како што напиша премиерот, се започнува на крајот на август годинава, а за една година, според него, се планира вработување на повеќе од 110 граѓани.

Можете да прочитате

Лафчиски на 18. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји

Девет концерти на врвни музички артисти и групи од осум земји на 24. издание на ОФФест 2025

ВИСТИНСКОТО ЛЕТО ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Следната седмица температури до 36 степени!