Утрински Весник
Економија

Битиќи: Кризата со нафта како алатка за полнење на Буџетот?

Img 0290.jpeg

Дали намерно владата дозволи овие три недели да има покачени цени на горивата?, праша пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

Битиќи посочи дека во време на криза најважно е да се помогне на граѓаните и да се штитат нивните интереси а на нечии бизнис интереси.


„Во овој момент, тоа што треба да се заштити е животниот стандард на граѓаните, а не интересот можеби на бизнис заедницата и на владата. Јавно ќе ја отворам дилемата, дали можеби намерно овие три недели се дозволи да имаме покачани нафтени деривати за да се зголеми приходите кои што не се планирани во Буџетот и кој што и тоа како кубури со средства, а дополнително, делот од тие средства нели одат во бизнис заедницата“, рече Битиќи.

Тој додаде дека согласно расположливите податоци, бројките покажуваат дека Буџетот е празен.

„Бројките покажуваат дека буџетот е празен. Ако видите на приходната страна во овој момент реализацијата некаде 19,3% скоро пред крајот на првиот квартал. Вообичаено крајот на првиот квартал би требало да има приходи околу 25 %, затоа што расходите веќе се на ниво од 23,6%, што значи расходите одат според планираното, ама вие имате 6 до 7% помали приходи, од тоа што е испланирано. Не го кажувам јас ова, бројките ги кажуваат од Министерство за финансии“, рече Битиќи.

Притоа, Битиќи укажа дека во ваква состојба на ценовни шокови и кога во буџетот нема пари, државата тешко може да се справи со кризата.

„Јас стравувам дека при немање пари во Буџетот, при намалена ликвидност, при должење и тоа многу на стопанството, да не се носат мерки кои што ќе им помогнат и на стопанството и на граѓаните, навистина ме загрижува како граѓанин, дали ние имаме воопшто предвидливост што ќе не снајде во 2026 година“, рече Битиќи.

Можете да прочитате

Трипуновски: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Владата за понеделник најавува вонредни мерки за цените на горивата

 СДСМ: Цените растат а Владата на Мицкоски не презема ништо