Утрински Весник
Македонија

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

0017 30 04 24 Bytyqi Thote Scaled.jpg

„На овој Ден на трудот, но и во останатите 364 дена во годината ние сме рамо до рамо со вас. Вреднувањето на работникот е главен постулат на социјалдемократските вредности за кои и се боревме овие седум години. Достоинствен живот за секој работник и работничка во нашата Македонија”, вели во видео обраќањето Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2, по повод 1-ви мај – Денот на трудот.

Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Анета Здравковска, Билјана Муиќ) кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.

„Заеднички ја браневме нашата заедничка социјална кауза. Како Влада дадовме приоритет на растот на  платите во сите сектори подеднакво, затоа што тоа е најважно за поттикнување на правичен социо-економски развој. Успеавме просечната  плата двојно да ја зголемиме од 2016 година на речиси 40.000 денари”, кажуваат кандидатите, притоа потсетувајќи дека минималната плата  од 10.000 денари во 2016 година, во март 2024 година изнесува 22.500 денари, што е зголемување од 125 проценти.

„Ние се погриживме животниот стандард да остане не само недопрен, туку и подобрен во услови на инфлација”, велат кандидатите и кандидатките и нагласуваат дека овој раст не е случаен, туку дека тоа е резултат на намерна политика насочена кон подигнување и заштита на животниот стандард на работниците и работничките, политика на системски решенија.

„Нашата посветеност на социјалдемократијата обезбеди растот на платите да е изолиран од партиски интереси. Трудот никогаш повеќе нема да биде пион во политичките игри, а ние цврсто стоиме да ги заштитиме правата на сите работници и работнички без оглед на етничка, религиска или партиска определба. Честит нека е денот на трудот”, вели Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Можете да прочитате

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево, експресниот пат Градско-Прилеп и браната Отиња се трите проекти со кои ќе се занимавам oд следната недела

ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите од денес па се до недела ќе надминуваат 40 степени, меѓутоа во недела ни се заканува Суперќелијско невреме

Продолжен е рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ