Утрински Весник
Економија

Битиќи ги презентира инвестициските можности на земјата пред група бизнисмени од Турција

Битиќи ги презентира инвестициските можности на земјата пред група бизнисмени од Турција

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска одржа средба со група од десетина бизнисмени и инвеститори од бизнис-асоцијацијата „Румелисијад“ од Бурса, Република Турција.

dobivaj vesti na viber

На средбата, која се одржа во организација на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО), претставници од кабинетот на Битиќи, заедно со претставници од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, пред турските инвеститори одржаа и економска презентација, во која ги претставија инвестициските можности во земјата, но дадоа и одговор на прашањата и дилемите што инвеститорите ги имаа за конкретни сектори и потенцијали.

Во своето обраќање пред турската инвеститорска делегација вицепремиерот Битиќи истакна дека Република Северна Македонија нуди исклучително атрактивен пакет за поддршка на инвестициите и дека за определени дејности, како што се преработувачкиот сектор, ИКТ и производството на храна, компаниите може да добијат поддршка и до 50 % од вкупните инвестиции во основни средства.

Можете да прочитате

Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење”

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година