Утрински Весник
Економија

Битиќи до Славески: Реалниот раст на платите до 2006 до 2016 година беше 11,2%, ние за шест години ги зголемивме за 21,3%

Bitiki Fatmir Biti I Fatmir.jpg

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи му одговори на претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, откако тој на социјалните мрежи порача дека растот на платите во последните неколку години не бил онолку колку што тврди Битиќи.

„Професоре Славески, очигледно дека не ви лежат предметите каде се изучува методологија и економетрија, па си ги прикажувате бројките како ви одговара, и уште поочигледно некој ви дошепнал лош превод за „Кумулативна годишна стапка на раст“, тука нема ништо „сложено“. Кога сме кај бројките сакам да ве потсетам дека просечната плата за 2006 треба да се зголеми за 2.300 денари кои во тоа време беа дополнително исплаќани како додаток за превоз и исхрана, а не влегуваа во нето платата. И кога ќе се корегира вашата весела математика со овој факт, добиваме дека нето платите од 2006 до 2016 номинално пораснале не за 65,3%, туку за 41,2%, па оттука реалниот раст на плати за периодот од 2006 до 2016 година е 11,2%. Што е повеќе, 11,2% за 10 години, или 21,3% за шест години???“ вели Битиќи во објавата.

Битиќи на крајот, потсетува дека Владата каде тој е вицепремер, го вовела недела како неработен дена за сите граѓани.

„П.С. Недела е неработен ден за сите граѓани, „предавањето“ не е во дејностите кои се исклучени“ додава Битиќи.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија