Утрински Весник
Македонија

Бислимовски: Нема да има дополнителен час во евтината тарифа преку ден

Struja.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

До крајот на годината нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа за електричната енергија за домаќинствата, ова го соопшти денес претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.

Иако во јавноста долго време се зборуваше за воведување на уште еден час од 13.00 до 16.00 часот наместо да биде како до сега до 15 часот, Бислимовки вели дека ако се направи тоа тогаш ќе треба да се скратат 2 часа од евтината тарифа навечер.

„Анализите покажаа дека цените на берзата се евтини во периодот од 12.00 до 16.00 часот и може да се воведат дури четири часа евтина попладневна тарифа, наместо два како досега, но проблемот е во тоа што ноќните цени на берзата сега се многу високи и ќе треба да ја укинеме евтината струја од 22.00 до 00.00 часот, а луѓето веќе имаат стекнато свои навики и не сакаме да предизвикаме револт“, рече Бислимовски.

Овој статус ќе остане до крајот на годината, а понатаму повторно ќе се разговара со ЕСМ и со ЕВН, најави првиот човек на РКЕ.

Можете да прочитате

За новогодишната ноќ ќе имаме сув студ

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом