Утрински Весник
Свет

Бин Зајед: Емиратите се подготвени да посредуваат меѓу Русија и Украина

Бин Зајед: Емиратите се подготвени да посредуваат меѓу Русија и Украина

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, повтори дека неговата земја е подготвена да дејствува како посредник во разговорите меѓу Русија и Украина, пренесе новинската агенција ВАМ.

dobivaj vesti na viber

Бин Зајед се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Путин рече дека „Русија е благодарна за напорите на ОАЕ оценувајќи дека овие напори се доказ за нивната подготвеност да ги поддржат напорите за посредување“, пренесе агенцијата.

Претседателот на ОАЕ го информира својот руски колега за позицијата на Украина за многу прашања.

Рускиот лидер го информирал Бин Зајед за ситуацијата во нуклеарната централа „Запорожје“ и руските напори за зачувување на нуклеарната безбедност, пренесе ТАСС.

Шеикот рече и дека трговската размена меѓу двете земји е зголемена од 2,5 милијарди долари на 5 милијарди долари.

Бројот на руски туристи што ги посетија ОАЕ достигна 500.000, а во ОАЕ моментно работат околу 4.000 руски компании.

Можете да прочитате

Македонец прегазен од камион тежок 15,3 тони во Германија 

Иран со нов ракетен напад кон Израел, сирени се огласија во Тел Авив, Ерусалим и други градови

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море