Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Били Ајлиш ги изненади фановите со дијамантски накит за заби

Били Ајлиш ги изненади фановите со дијамантски накит за заби
300x250 opst2

Били Ајлиш ги изненади своите фанови покажувајќи го дијамантскиот накит вметнат во забите.

dobivaj vesti na viber

Пејачката (21), позната по низата тетоважи на своето тело, сподели фотографија на „Инстаграм“, на која прави гримаса и одблиску се гледа предниот заб обложен со дијаманти. Во описот на објавата напиша: „Ова не е тоа“.

Фановите коментираа: што по ѓаволите направи со своите заби?, изгледа глупо како ѓавол. Други застанаа во нејзина одбрана: „Може да прави што сака“.

Според медиумите, таа е млада и сè уште сака да експериментира со својот изглед.

Тинејџерската сензација експресно бргу се искачи до врвот на музичката индустрија кога имаше 18 години. Таа е најмладата и единствената музичарка која досега во иста година има освоено статуетки „Греми“ во најважните категории: најдобар млад изведувач, песна на годината, запис на годината и албум на годината.

Били и нејзиниот постар брат Финеас О’Конел се автори на насловната песна за најновиот филм со Џејмс Бонд – „Не е време за умирање“.

Били е најмладата музичарка во историјата, која напишала песна за филм од серијалот 007. Пред неа за насловната нумера беа ангажирани Адел, Мадона, Пол Мекартни, Тина Тарнер и други познати пејачи.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време