Утрински Весник
Скопје

Билјана Ивановска демантира дека дала поддршка за Лабудовиќ: Ќе бидам гласна за проблемите!

Ivanovska dksk 3.jpg

Општина Центар е една од општините која ќе бде во фокусот на јавноста во вториот круг на локалните избори во недела.

Таму, по првиот круг актуелниот градоначалник Горан Герасимовски од СДСМ освои 8.535 гласа, пред Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој освои 5.707 гласа.


Заостанувањето на Лабудовиќ е сериозно, па оттаму кандидатот на ЗНАМ поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ прави се што е во негова моќ да се приближи до противкандидатот.

Во меѓувреме, денес одредени медиуми излегоа со написи дека независната кандидатка за градоначалник на Центар, Билјана Ивановска водела негативна кампања против Горан Герасимовска, иако лично Ивановска по првиот круг кажа дека нема да ги повикува своите гласачи да поддржат еден или друг кандидат.

По ваквите написи, 24инфо.мк се обрати до Ивановска за нејзин став, а одговорот што го добивме е потврда на нејзините претходни ставови во однос на вториот круг.

„Не ги повикувам гласачите да гласаат за еден или друг кандидат. Секогаш гласно ќе зборувам за проблемите во Центар особено оние поврзани со корупција“ изјави Ивановска за 24инфо.мк

Ивановска како кандидат на “Независни заедно“ на локалмните избори на 19 октомври освои 4.465 гласови.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница – почнува новата ера

Николоски: За ефикасен транспорт на Скопје му треба комбинација од градскиот воз, нови автобуси и БРТ

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров