Ресторанот во Парламентот во БиХ го следи патот на парламентите во регионот за секогаш да има атрактивни цени и примамливо мени. Меѓутоа, не можеле ниту да сонуваат дека ќе имаат проблемот со труење.
Имено, еден од оние кои јаделе во оваа државна институција бил затруен со полнети пиперки, поради што интервенирале надлежните, пренесува сараевски „Аваз“.
Кога излегле на терен, инспекторите не пронашле полнети пиперки, но забележале голем број неправилности во работењето на ресторанот со кој стопанисува Службата за заеднички работи на институциите на Босна и Херцеговина.
„Едно лице имало стомачни проблеми во вид на дијареа и гадење“ – се наведува во извештајот.
„Аваз“ пренесува дека дури 90 килограми месо биле уништени, поради неправилно складирање.
Некои производи немале ниту декларација.
Инспекторите утврдиле дека во кујната се пронајдени и замрзнати претходно подготвени именувани и неименувани јадења (спакувани во оштетени ПВЦ кеси), млечен производ чиј рок на употреба е истечен без декларација и можно утврдување на потекло, и тоа:
1 кг. пилешки батаци, 3 кг пилешко филе, 8 кг телешки црн дроб, 12 кг пилешки стек, 0,750 кг пилешко филе, 0,485 кг бујон, 3,775 кг сос телешки мускули, 0,430 кг пржен ослич, 0,450 кг свежо сирење, 11,10 кг. говедско месо, 6.600 кг вок пилешко, 25.800 кг пилешки батаци, 1.900 кг телешки стек и 14.400 кг говедски ќофтиња.