Утрински Весник
Балкан

БиХ побара помош од ЕУ за сателитско следење на ризикот од поплави во Херцеговина

Bosna Den Na Zalost 20 Maj.jpg

Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина упати итно барање до Европската Унија за сателитско снимање на подрачјето на Херцеговина, со цел навремена проценка на можниот ризик од поплави по обилните врнежи во изминатите денови. Како особено загрозена се посочува областа на горниот тек на реката Неретва, која кон крајот на 2024 година беше погодена од сериозни поплави и свлечишта. Според Министерството, северниот дел на Херцеговина треба да биде опфатен со снимање преку европската служба за управување со вонредни состојби „Коперник“. Целта на оваа активност е што побрзо да се утврди влијанието на врнежите врз веќе погодените подрачја, како и да се направи детална проценка на евентуалната штета.

Добиените сателитски податоци ќе им помогнат на надлежните институции поефикасно да ги планираат и спроведат мерките за заштита и спасување. Соработката со Европската Унија се реализира преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во кој Босна и Херцеговина е полноправна членка од 2022 година, што овозможува побрза меѓународна реакција во кризни ситуации. Во есента 2024 година, силните дождови предизвикаа катастрофални поплави и лизгања на земјиштето во северна Херцеговина и централна Босна, при што животот го загубија 27 лица. Најтешко беше погодена општина Јабланица, каде загинаа 19 луѓе.

Можете да прочитате

Вучиќ: Цел месец зборам дека САД ќе го нападне Иран, ако ова продолжи, нè чека пекол

Иран најавува можен напад врз базата на МЕК во Албанија

Српските државјани се евакуираат од Израел преку Египет