Утрински Весник
Македонија

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Циклон од Турција ни носи силно невреме

Img 7594.png

Циклонски систем со центар над Турција во деновите вторник и среда (23/24 јуни) во Македонија атмосферата ќе ја одржува многу нестабилна  и често ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата  и поради тоа што истата е загреана локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења  и со појава на град. Токму поради ваквиот развој на временските услови апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе има појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења  и со појава на град.


Температурите во овие два дена во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 32/33 степени. Тоа значи дека  и покрај многу нестабилното време со врнежи, грмежи и со појава на локално невреме, сепак останува топло.

Да напоменам дека за време на поголемата нестабилност локално ќе наврне поголемо количество на воден талог (над 20/30 литри дожд на метар квадратен).

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди