Утрински Весник
Македонија

БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ: Циклон од запад овој викенд ќе ни донесе нови обилни врнежи и грмежи, а ќе има појава и на ново локално невреме

Messenger Creation 31fd4988 Ee8c 407a B4c4 957c41e6ea69.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на викендов, и тоа поради влијанието на висински циклон од запад, повторно Атмосферата во Македонија позначително ќе се дестабилизира, па така на повеќе места, и тоа особено во западната половина од државава ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално повторно ќе има услови за поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика нови локални поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен ветер, како и со појава на град. Токму поради ова апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни.

И во Скопскиот регион од денес попладне ќе биде нестабилно со услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, додека утре ќе биде малку посвежо со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Да напоменеме дека за време на викендов локално ќе наврне позначително количество на воден талог, особено во западната половина од државава, и тоа над 25 литри дожд.

Можете да прочитате

66-годишен велосипедист од Скопје по удар од автомобил завршил со тешки повреди

Опожарено товарно возило во Трубарево

66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје